Викенд рецепт: Вкусен сладолед со малини и јогурт

26 јуни 2020

Викендот е време за опуштање и уживање. А кога сме кај уживањето, ние имаме еден вкусен предлог за вас - сладолед со малини и јогурт.

Потребни состојки: 250гр. малини, 50 гр. кафеав шеќер, малку лимонова кора, сок од еден лимон, 260 гр. павлака, 520 гр грчки јогурт, 1/2 стапче ванила, уште 90 гр. кафеав шеќер, прстофат сол

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aurélie Bresset Lilie Bakery (@liliebakery) onJul 9, 2019 at 3:02am PDT

Подготовка:

Првин направете компот од малини и тоа на следниов начин: На умерена температура помешајте ги малините со шеќерот, лимоновата кора и лимоновиот сок. Додека тоа се крчка, мешајте повремено и така 15-тина минути, додека смесата не стане компактна. Како што ќе се лади, така ќе станува погуста, а вие префлете ја во соодветен сад и ставете во ладилник, односно замрзнувач.

Во меѓувреме, подгответе ја смесата со јогурт. Загрејте ја ринглата повторно на средна температура, а во тавата ставете ги павлаката, шеќерот, ванилата и морска сол. Мешајте додека смесата не се изедначи, а потоа полека префрлете ја во садот во кој сте го ставиле грчкиот јогурт. Откако ќе ги соедините, готовата смеса исто така ставете ја во ладилник околу еден час, за добро да се излади и стегне. Доколку имате апарат за сладолед, ставете ја смесата додека не се фати мраз одозгора, а ако немате, тогаш послужете се со фрижидерот или замрзнувачот за што подобро да се стврдне.

Во изладен плех, односно метално тавче распоредете 1/3 од смесата, а преку неа со движење на букват Ѕ ставете го изладениот компот, па повторете ја постапката додека не ги потрошите смесите. На крајот, оставете го тавчето во замрзнувач еден час и ќе добиете кремаста структура која нема да биде ни премногу цврста, а ни течна. Сепак, колку подолго стои во замрзнувач, толку подобро.

Сервирајте со свежи малини или чоколаден прелив или што и да имате при рака и уживајте.

П.с. Ако имате калапи за сладолед, можете да ги искористите, па смесата да ја истурите во нив и да имате сладоледи на стапче.

Објавено:
26 јуни 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
620 пати
Тагови: 
сладолед