Викенд рецепт: Здрава чоколадна торта со јагоди

12 јуни 2021

Ако сте на мисла да се почестите со нешто благо, ние најдовме еден супер рецепт, а здрав.

Чоколадна торта со чоколадо и јагоди, звучи добро нели?

Ние го пронајдовме рецептот кај @cookingwihtbranko и ви го претставуваме во продолжение:

Потребни состојки: 

За тесто: 300гр. плазма, 100гр. солен бадем,  70гр. путер, 3 лажици какао, сок од 1 цеден портокал, 2 големи лажици мед

За кремот од чоколадо: 200 мл. млеко, 10 лажици бадемово брашно, 1 кора портокал, 2 јајца, 2 лажици масло, 1 прашок за пециво, 100 гр. белгиско чоколадо, 1 прстофат сол

За кремот од ванила: Шлаг крем од ванила, 50мл. оризово млеко

Начин на подготовка:

 


За долниот дел: Растопете го путерот, додадете ги мелените бисквити и бадемите. Промешајте со мед, какао и сок ид портокал. Истурете ја смесата на округлиот сад и оставете да се стегне.

За чоколадниот крем: Изматете ги јајцата и млекото. Додадете го полека бадемовото брашно, маслиновото масло, сол, кората од портокал и матете се додека не се изедначат состојките. Потоа, додадете го чоколадото и промешајте со лажица. Истурете ја смесата во садот каде што го направивте првиот дел и заедно печете околу 6 минути на 200 степени.

За кремот од ванила: Истурете ги шлаг кремот од ванила и додадете оризово млеко. Матете се додека не добиете цврст крем.

Јагодите исечете ги на тенки парчиња, со кои ќе го покриете горниот дел.

Кога ќе се испече чоколадниот дел, оставете го да се излади, па премачкајте го со кремот од ванила. Додадете ги јагодите врз кремот, а за дополнителен вкус искршете киндер јајце.

Објавено:
12 јуни 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
643 пати