Викенд рецепт: Здраво тоблероне за неограничено уживање

22 мај 2021

Викендот е добар изговор за да се почестиме со нешто убаво и слатко.

Но, кога тоа е уште и здраво, тогаш имаме полн погодок.

Во потрага по таков рецепт, наидовме на еден што ни го привлече вниманието и што ќе ви го презентираме во продолжение, а го најдовме на блогот „По мој вкус“.

Погледнете:

Потребно:

110 гр урми (мерени без семки)
70гр мелени овесни снегулки 
60гр путер од бадеми (или др путер од јатки)
1 лажица кокосово масло
3 лажици билно или друго млеко
20гр какао
70гр искршени лешници
3 лажици јаворов сируп (може и мед)
Чколадо за одозгора
.
Подоготовка:

1. Карамелизирајте ги лешниците. Искршете ги лешниците на парчиња и помашајте ги со 2-3 лажици јаворов сируп или мед или кафеав шеќер. Распоредете ги во тенок слој на хартија за печење, и печете околу 7 минути во претходно загреана рерна на 200С. Оставете ги да се изладат.

2. Урмите потопете ги во зовриена вода 10 мин, за да може полесно да ги излупите, и извадете им ги семките.

3. Ставете ги во блендер и блендирајте додека не се формира една топка од нив. Додадете ги сите останати состојки, освен карамелизираните лешници. Блендирајте додека не добиете леплива смеса. По потреба, доколку смесата е ронлива, додадете уште млеко или вода.

4. Додадете ги карамелизираните лешници (оставете само малку за одозгора) и промешајте со лажица или рака.

5. На провидна фолија нанесете од смесата и формирајте го "Тоблеронето". Ставете во замрзнувач да стегне додека го растопите чоколадото.

6. Прелијте одозгора и наросете од карамелизираните лешници што ви останаа.  Вратете кратко во фрижидер, и може да дегустирате.


*Од оваа смеса може да формирате и барови, со тоа што ќе ја распоредите во еден правоаголен сад, ќе полиете со чоколадо, па ќе сечете правоаголници. Може да биде и во форма на бомбици.

Објавено:
22 мај 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
820 пати