Викенд репецт: Топла есенска густа чорба од тиква

16 октомври 2021

Надвор е студено, идеално е за топло есенско јадење. Ние најдовме токму еден таков сезонски рецепт кој ќе ви го стопли и телото и душата.

Убаво мириса, а уште поубаво на вкус - топла чорба од тиква.

Рецептот ви го презентираме во продолжение

Потребни состојки:

Тиква 800 грама
Моркови 
Главица кромид
Лукче
Малку путер
Малку маслиново
Сол, бибер, куркума,шафран,ѓумбир
Вода околу 1,2 литри
Павлака за готвење 400 мл

Начин на подготовка: На маслиново и путер се пропржуваат кромидот и лукот. Се додаваат тиквата исецкана на парчиња и морковите. Кратко се се динста.Се додава водата и зачините и се остава да се вари околу 15-20 минути. Се се блендира. Се става да проврие.Се додава павлаката. Се остава уште еднаш да проврие.

Можете да украсите со павлака и семиња испечени на суво.

 

Извор:@natasaemil;

 

Објавено:
16 октомври 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.416 пати