Во летниот период омилени и најбрзи јадења се дефинитивно оние вкусни чорбички направени од зеленчук што во моментот го имате дома.
Тиквиците се зеленчук кој веројатно секогаш е лесно да го набавите, а истите се исклучително здрави и полни вода, витамин Б6 и витамин Ц, бета каротен, а и многу малку калории.
Постојат голем број начини на кои може да ги подготвите, а денеска ви предлагаме еден супер рецепт кој е ултра брз и неверојатно здрав и вкусен.
Состојки:
700 гр.тиквички
Вода
Две чешниња лук
Еден поголем кромид
Една голема лажица маслиново масло
Две лажички кари
Четири лажички мелени бадеми
Сол
Подготовка:
Малку пропржете го лукот и кромидот на масло. Намалете го огнот и полека додајте ги претходно исецканите тиквички, па зачинете со кари и сол и пржете неколку минути додека тиквиците не омекнат. Ставете вода колку што сметате дека е потребно и оставете тиквиците добро да се зготват. Кога чорбата ќе се згусне, тргнете го тенџерето од оган и добро промешајте, па откако ќе ставите во чиниите, украсете со мелени бадеми.
Инфо и фото: Modamo.info