Вкусни и здрави палачинки готови за само 10 минути

17 мај 2018

Во оние моменти кога не знаете што да подготвите за појадок или вечера за целото семејство, а особено за вашите дечиња, ви предлагаме рецепт готов за 10 минути.

Овие здрави палачинки се многу едноставни за правење, можете веднаш да ги консумирате или пак да си понесете на работа.

Истите се неверојатно вкусни и крцкави, а се здрава варијанта за вашите деца кои можеби не обожаваат зеленчук.

Потребно:

Една пиперка

Две тиквици

Едно помало кромидче и едно чешне лук

Еден поголем морков

Сол, бибер и магдонос (по желба)

Две јајца

150 грама палента

250 мл. млеко

50 – 100 грама шунка (по желба)

Брашно по потреба

Подготовка:

Пиперката, тиквиците и морковот исечете ги на тркалца или изрендајте ги на покрупно, малку зачинете ги и оставете ги на страна. Шунката исецкајте ја на тркалца и малку пропржете ја на масло заедно со лукот и кромидот. Додајте ги тиквиците, пиперката и морковите и пржете кратко. Јајцето, палентата и млекото добро изматете ги па во тоа додадете го зеленчукот и на крајот додајте ја белката и мештајте уште малку.  Ако е воденесто, додајте малку брашно за да се згусти, па оформете топчиња и ставете ги да се печат во тава на хартија околу 20 минути.

Добар апетит!

Извор и фото: Zena.blic.rs

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
609 пати