За 10 минути: Колач со бисквити, јогурт и овошје

30 јануари 2020

Ако не сте љубител на колачи и торти што се печат, тогаш овој рецепт ќе ви го привлече вниманието.

Лесен е, се прави брзо и супер опција е дури и за почетници.

Потребни состојки: 1кг бисквити (може и помалку ако сакате помала доза), 1л јогурт, 50 гр. шеќер во прав, 500 гр. овошје (малини, јагоди, боровници, портокал, праски, киви - или ваш микс, зависи од годишното време и понудата, а количеството овошје можете да го зголемите или намалите по желба), 300 гр. шлаг или слатка павлака, малку путер или маргарин за премачкување на калапот.

Подготовка: Во поголем сад ставете ги бисквиите кои претходно сте ги искршиле. Потоа додајте го јогуртот и помешајте ги состојките. Додадете го овошјето исечкано на помали парчиња, а потоа додадете го и шеќерот во прав и убаво сè соединете.

Во калап/тепсија со размер 27х35см, кој претходно сте го премачкале со маргарин или путер, распоредете ја смесата.

Изматете ја содржината за шлаг или слатката павлака и премачкајте одозгора. Колачот оставете го во ладилник. Би било добро да преноќи за бисквитите убаво да омекнат. 

Објавено:
30 јануари 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
10.817 пати
Извор: 
kolaci.biz