Здрав и вкусен десерт од јогурт што ќе го обожавате

10 февруари 2017

Веројатно и вие сте од оние кои се љубители на брзи и лесни десерти кои се прават за само неколку минути, а се толку многу вкусни како оние комплицираните.

Во последно време ви прикажавме неколку такви рецепти кои можете да ги разубавите со многу работи по ваша желба.

На едноставен начин и за кратко време ќе ги направите овие вкусни „плочки“ од јогурт со прекрасен избор на овошје или јаткасти плодови внатре.

Во нив можете да ставите овошје по избор, чоколадни трошки, какао, кокос и што уште не со што ќе го збогатите вкусот на јогуртот.

Овој десерт е всушност многу едноставен – измешајте две чаши грчки јогурт со една лажица мед за основно тесто. Ставете ја смесата во тава за печење што претходно ја обложивте со хартија и одозгора додајте сѐ што избравте. Можете дури да направите и неколку слоја од десертот ако јогуртот е доволно цврст.

Она што е клучно кај овој десерт е тоа што целата смеса треба добро да се замрзне пред да се консумира и тоа минимум четири часа.

Кога ќе ја извадите од ладилник ќе имате совршен десерт што сите ќе го обожаваат и ќе мора да го изедат брзо за да не се растопи.

Објавено:
10 февруари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.623 пати