Дамите од кралските семејства секогаш имаат префинет вкус кога станува збор за облеката.
Принцезата Кејт Мидлтон од Велс е една од нашите фаворитки, а овој пат нејзиниот стајлинг го делеше уште една принцеза – Мери од Данска.
И двете за посебни прилики одбраа ист миди фустан, кој што се разликуваше само по бојата.
Токму оваа должина на фустани и здолништа е чест избор на благородничките, а покрај Кејт и Мери, тука ја вбојуваме и кралицата Летиција од Шпанија.
Кејт и Мери изгледаа речиси како близначки во стајлингот.
Изборот на принцезата од Велс беше во согласност со актуелниот барбикор стил, барем кога станува збор за розовата боја, која што во случајов беше бледо пастелна.
Таканаречениот Ahana фустан е дел од британскиот бренд Beulah London.
Чиста случајност беше и изборот на Мери да го облече токму истиот фустан само во беж нијанса, неколку дена пред Кејт да биде забележана во нејзината розова варијанта.
Фустанот, којшто е инспириран од 50-те години, совршено им прилегаше на двете принцези кои пак одржаа стилски лекции со кралски манири.
Фото: Vogue Australia