Женствени миди фустани од есенската улична мода

27 септември 2018

Веќе може да се насети раскошот што ќе преовладува оваа есен, барем во модна смисла, ако се земе в предвид тоа што веќе се носи во уличната мода во светските метрополи.

Едно од парчињата што ги облагородува есенските модни тенденции, е женствениот миди фустан.
Нераскинливата релација меѓу дамите и миди фустаните и оваа есен добива нова естетска нота, но го задржува препознатливиот шарм.

Остануваат актуелни флоралните дезени и бохо стилот, но есенва на врвот на листата се миди фустаните во кафени, чоколадни тонови.

Совршено ја надополнуваат добро познатата приказна за слоевито облекување, особено популарна овој период од годината, па миди фустаните може да ги носите со класичен блејзер и чизми до глужд, со тексас јакна и патики илисо мото јакна и високи потпетици.

Објавено:
27 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.360 пати