Кијану Ривс ќе се жени?!

2 мај 2020

Кијану Ривс е еден од милениците на народот, не само поради тоа што изгледа убаво, туку и поради фактот дека е сè што Холивуд не е.

И иако секогаш се труди да не предизвикува внимание со својот приватен живот, сепак јавноста секогаш се интересира за тоа што се случува.

После долги години, во ноември минатата година, Ривс се појави на црвениот килим на еден филмски настан со девојка. Сите се прашуваа која е жената која ја држи за рака, а со експресна брзина се дозна дека тоа е уметницата Александра Грант, со која одамна се познава, дури и соработувале заедно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alexander Yarde (@instayarde) onNov 4, 2019 at 5:55pm PST

Иако никогаш официјално не потврдија, сепак од некои интервјуа, а и нивните понатамошни појавувања, јасно беше дека тие се забавуваат.

Последнава недела, сè погласни се гласините дека двојката ќе ја официјализира љубовта. Имено, први веста ја објавија од магазинот „Women's Day“. Според нивните информации, Кијану ја побарал Александра за жена на нејзиниот роденден, 31. декември, во неговиот дом во Холивуд. 

И двајца успеале да ја сокријат информацијата од јавноста, но за ширењето на гласините е виновна „Забавата без шминка“, што во февруари годинава ја организираше Гвинет Платроу, а од која беше дел и Александра.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) onFeb 20, 2020 at 9:34am PST

 Според изворите на магазинот, уметницата се пофалила за убавите вести, а Кејт Хадсон ја убедувала дека мора да организираат забава.

Со оглед на тоа дека Грант се изјаснила дека сакаат мала и едноставна венчавка, Деми Мур го споделила своето искуство од венчавката со Ештон Качер, за која ќе каже дека била далеку поубава и интимна, отколку огромната и луксузна што ја имала со Брус Вилис.

Во медиумите се зборува и дека двојката планирала кон крајот на годинава да ги размени заветите во Хонолулу, каде ќе присуствуваат само неколку нивни најблиски пријатели и роднини.

Во контекст на сите овие гласини е и фотографијата на Грант од средината на април, каде носи огромен прстен на левата рака до малиот прст.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra) onApr 16, 2020 at 2:12pm PDT

Сепак, официјална потврда никаде сè уште нема. Она што е сигурно е дека после ваквите гласнини, двојката ќе биде уште повеќе набљудувана, па доколку сите овие информации излезат веродостојни, за убавите вести ќе слушнеме повторно за некој месец.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sarah E (@silva_sista_sazza) onNov 5, 2019 at 10:48am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@keanusloveclub) onMar 4, 2020 at 11:28am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@daniellazupo) onNov 7, 2019 at 3:36am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Keanu Reeves / FAN Account (@keanureeves.fanpage) onNov 10, 2019 at 9:10am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Keanu Reeves Club (@teamkeanureeves) onMay 2, 2020 at 2:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Keanu Reeves Fan Page (@daily.reeves) onSep 18, 2019 at 7:49am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Autre Magazine (@autremagazine) onMay 19, 2019 at 3:42pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eric Minh Swenson (@ericminhswenson) onMay 19, 2019 at 2:25am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Grant World Art Club (@alexandragrantworldartclubreal) onApr 8, 2019 at 11:12am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CLAIRbyKahn (@clairbykahn) onFeb 27, 2018 at 1:53am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Steff_i (@stefa_nie_76) onNov 10, 2017 at 2:41pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GINGER FINDS: The Talent Lab (@gingerfinds) onMay 4, 2016 at 8:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Thai (@jennifer.thai) onMay 3, 2016 at 7:54pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marina Kufa (@marinakufa) onFeb 22, 2016 at 10:43am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LA Dept of Cultural Affairs (@culture_la) onFeb 21, 2016 at 11:13am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Keanu Reeves (@keanueevees) onAug 2, 2019 at 4:22am PDT

 

Објавено:
2 мај 2020
Категорија: 
Стил
Прочитано:
3.846 пати
Тагови: 
Кијану Ривс