Празничните сандали со огромна панделка налик на подарок се хит на Инстаграм

26 декември 2022

Магијата на празниците доаѓа во необично пакување, барем според светскиот бренд Loewe.

Нивните сребрени сандали со огромна панделка направија бум на социјалните мрежи овие празнични денови.

Дизајнот на сандалите е полн погодок, совршено вклопен во празничниот амбинет: моделот е елегантен, со тенка потпетица висока 10cm, во металик сребрена нијанса и најбитниот детаљ е огромната сребрена панделка која потсетува на украсна лента со која се декорираат празничните подароци.

Од познатите блогерки, меѓу првите на својот Инстаграм профил ги објави Pernille Teisbaek и тоа беше доволно за нивната инстант популарност на социјалните мрежи.

Нивниот вонсериски дизајн е сосема доволен за да го донесе празничниот шмек и во наједноставните модни комбинации.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LOEWE (@loewe)

Објавено:
26 декември 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
726 пати