Волшебен накит со морски мотиви што рачно ги сликаше уметницата Александра Иванова

14 јули 2020

Морските длабочини и сите тајни што таквите мистериозни длабочини ги кријат, насликани на парче накит... Звучи магично и волшебно? Така и изгледа шарената колекција накит со морски мотиви, што рачно ги сликаше уметницата Александра Иванова (која твори под етикетата „Софија Филигранска“), препознатлива по фасцинантната имагинација за која таа секогаш ќе најде свој уникатен начин и пристап како да ни ја раскаже.

И овојпат нејзините раскази се такви, со љубопитност да ги впиваш и одново да се вљубуваш во секој дизајн, затоа што е единствен и со своја приказна.

Копнежот по море и егзотична плажа биле почетната искра, доволна да ја распламти нејзината фантазија и да го истури својот колор од идеи на голем број уникатни парчиња накит.

Низ стихови ја надополнува нивната колоритна игра:

Лето на мој начин.
Ова е мој живот
Ова е мое лето.
Лето е како дишам
мирисам
Како допирам
Лето е како се движам
Како чувствувам
Како сочувствувам
Како соработувам со се околу себе
Како сум дел од се ...
Споена
Животна
Јас сум лето
Јас сум море
Јас сум океан...

 

Објавено:
14 јули 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
419 пати