35 пластични шишиња потребни за еден часовник од новата колекција на Том Форд

20 ноември 2020

Познатиот дизајнер Том Форд неодамна најави дека сезонава ќе лансира луксузен часовник, кој ќе биде во целост направен од рециклирана пластика, извлечена од океанското дно.

Сега часовникот е и официјално презентиран и тоа под називот „Tom Ford Ocean Plastic Timepiece“.

Часовникот во целост е создаден од пластичниот отпад извлечен од океанот со помош на карбонски-неутрален транспорт, а потоа складиран во Швајцарија. Како пренесуваат странските медиуми, за изработка на едден часовник, потребни се 35 пластични шишиња.

Модниот додаток ќе биде спакуван во луксузно пакување, но исто така во целост изработено од рециклирани материјали. Така, со секои 1.000 часовници што ќе се произведат и продадат, во океаните ќе има 245 килограми пластичен отпад помалку.

„Според мене, етичкиот луксуз е најдобриот вид луксуз. Неверојатно е привлечно, не само да умеете да носите квалитетен производ, туку со самото тоа што го поседувате директно да влијаете врз подобрувањето на здравјето на нашата планета“, вели Том Форд.

Цената на овој модел изнесува 995 долари, а истиот е достапен во „Том Фрод“ бутиците ширум светот, како и онлајн.

Инаку, податоците велат дека секоја година во океанот се исфрлаат речиси девет милиони тони пластичен отпад. Со ова темпо, до 2050 година, во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби.

„Загадувањето на океаните е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме. А ако тие „умрат“ тогаш ќе бидеме навистина во неволја“, посочува дизајнерот.

Неговото интересирање за платисчниот отпад и рециклирањето се интензивирале откако на телевизија го видел актерот Адријан Грениер како зборува за пластичните цевки.

„Се сеќавам, си помислив, колку глупаво, што е една сламка. Но, потоа размислив и сфатив дека тие исто така претставуваат проблем и дека ние можеме да ја намалиме нивната употреба. Затоа, кафето го пијам од метални цевчиња за кафе, а и пластичните шишиња со вода ги сменив со стаклени. Им кажав на сите дома и во канцеларија дека ќе престанеме со употреба на пластика. 

 

 

 

Објавено:
20 ноември 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
416 пати