Adidas детски патики во богатата понуда на Sport Vision – фузија на забава, удобност и урбан дизајн

17 декември 2019

Во агендата на забавни, училишни и спортски активности на вашите деца, еден клучен сегмент од нивното секојдневие е изборот на квалитетни и удобни патики.

Приоритет секогаш е проверениот квалитет, што е од исклучитено значење за правилниот раст и развој на нашите деца, а притоа преферираме урбан и впечатлив дизајн што лесно ќе се комбинира со остатокот од спортските и кежуал парчиња облека.


Кога ќе ги сублимираме сите овие детали, го добиваме идеалниот избор на модели детски патики што го носат докажаниот квалитет на спортскиот бренд Adidas во богатата понуда на продавниците на Sport Vision.

Во зависност од секојдневните активности на вашите деца, но имајќи го во предвд и нивниот личен стил, издвоивме четири супер кул модели патики од Adidas.

TENSAURUS Shoes

Со модерно дефиниран дизајн и исклучително удобна линија, овој модел на патики е еден од омилените на младите генерации. Идеален пар патики за активности во затворен и отворен простор, кои обезбедуваат исклучителна стабилност. Водоотпорни се што е дополнителна предност, особено во овој период од годината. Благодарение на нивната универзална естетика, соодветно може да се комбинираат и за на училиште, но и за активности надвор од училишните обврски.

 HOOPS 2.0 Mid Shoes

За физички активни деца, кои ги обожуваат спортските активности, овој модел на патики во „баскет" стил е идеалнот избор од секој аспект. Изработени од квалитетна кожа, со впечатлив и урбан дизајн што вклучува контрастни бои меѓу основата и симболичните три линии поставени странично, Hoops 2.0 Mid Shoes се патики за лесен и модерен чекор низ секојдневните детски активности.

TERREX AX2R MID RAIN.RDY HIKING SHOES

Мултифункционални патики, особено погодни за пешачење и планинарење, што не пропуштаат вода и обезбедуваат комплетна удобност. Ако сте семејство кое го користи секој слободен момент за планинарење и уживање во природа, овој пар патики е најбезбедниот избор за вашите деца. Нивниот дизајн вклучува мрежеста обвивка што ѝ дозволува на кожата да дише што е од особено значење кога пешачите подолго време, а подлогата е така дефинирана што овозможува целосна стаблност на стапалото.

ALTASPORT SHOES

Спремни сте за авантура? Тогаш пуштете се во авантуристичко уживање со стил! Altasport моделот на патики е фузија на практичен и врвен естетски дизајн. Флексибилно може да се комбинира во стилски различни аутфити. Лесно се облекуваат и соблекуваат, благодарение на рационално осмислениот дизајн, а за нивниот квалитет дополнтелно зборува изборот на материјал што ѝ овозможува на кожата да дише.

 

 

*Комерцијална објава

 

Објавено:
17 декември 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.458 пати
Тагови: 
Adidas Sport Vision