Африканскиот дизајн ги освојува модните трендсетери

21 мај 2014

Приказната која започнува во 2003 година кога е основан брендот од страна на Аурора Џејмс, овозможи потикнување на производството и спој на традиционалниот со модерен дизајн во една целина. Аурора била воодушевена од традиционалната африканска облека и решила преку брендот да ја претстави ширум светот, а со тоа овозможила отворање на нови работни места во Јужна Африка, Кенија и Намибија.

Првата колекција беше претставена минатото лето, а оваа сезона брендот освојува со новиот модел на сандали со рамна потпетица, отворени прсти и ленти кои се врзуваат околу глуждот, со што се добива впечаток како да носите балетанки.  Поради својот специфичен изглед, овој модел на сандали веќе беа дел од содржините на модните магазини Ел и Вог.

Сандалите од Brother Wellies се изработени  од кожа, во металик нијанси со детали во впечатливи бои. Рачно се изработуваат од мажи и жени кои техниката на изработка ја пренесуваат од генерација на генерација. Токму затоа, Аурора на неколку месеци ја посетува Африка каде заедно со вработените изработува нови дизајни, кои во својата основа ја имаат африканската култура и традиција, тренд кој ја освојува светската модна сцена.

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци