Иако не календарски, според температурите, летото веќе почна, па тоа е една од причините да се осврнеме на модните додатоци за овој период.

Мајкл Корс е еден од дизајнерите што знае одлично да го погоди вкусот на многу мажи и жени ширум светот, па не згреши ниту овој пат.

Чанти, обувки, часовници, како и маски за телефони, дизајнерот успеал да создаде по нешто за сите вкусови. Животинскиот принт и кафено-златните тонови се задолжително присутни, но и пастелните тонови, белата, интензивно црвна, зелена...

Модерно, софистицирано, елегантно и препознатливо.

Погледнете ги модните додатоци за ова лето со потпис на Мајкл Корс.

Објавено:
3 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци