Аксесоари од монистра со урбана нота инспирирана од минатото

27 февруари 2014

Аргентинската дизајнерка на аксесоари Мариана Дијаз, создава парчиња кои се шик и забавни, сите рачно изработени во посебна техника од монистра која најчесто се применувала во 50-те и 60-те години. Освен монистрата, дизајнерката Дијаз употребува и најлон конци, кои споени заедно со ситните колоритни монистри, потсетуваат на некое старо време, но умешно имплементирани во сегашноста и моменталните трендови.

 

Нејзината понуда вклучува и богати масивни ѓердани и мини плик чанти во неколку нијанси како: , бела, црвена, розова, сина и тиркизна. Како оние во колор -блок  верзија има и такви во монохроматска црно- бела варијанта, кои изгледаат сензуално и елегантно. Аксесоарите на Мариана Дијаз веќе се едни од најпосакуваните меѓу трендсетерките и сите љубителки на модната што го преферираат уникатниот дизајн.

Објавено:
27 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци