Аксесоари што ќе посакате да ги „изедете“!

14 октомври 2015

Кејт Спејд е дизајнерката чии аксесоари најблиску се граничат со бајковитата детска фантазија, секогаш колоритни и со ведар дух.

Магична е и нејзината последна колекција модни додатоци што ги дизајнираше во соработка со популарната њујоршка слаткарница „Magnolia Bakery". Резултатот на оваа релација се неодоливи чанти кои во својот дизајн многу потсетуваат на десертите на култната слаткарница на Менхетн.

Чанти во форма на популарните „cupcakes" со цреша на врвот, книга со рецепти, пудинг од банана.... се само дел од преслаткото мени на дизајнерката.

Но, цените за разлика од дизајните, се „солени" и се движат од 98 до 378 долари, па се претпоставува дека ваквите неодоливи чанти за брзо време ќе се најдат на мета на плагијаторите.

Објавено:
14 октомври 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
996 пати