Аксесоари со пацифистички дух од Стела Макартни

7 јули 2014

Ослободена фантазија, колорит, имагинација, темперамент, идеи... Стела Макартни во линијата аксесоари во рамките на ресорт колекцијата за 2015 година се ослододува од сета своја позитивна енергија и создава впечатлив накит, чевли и чанти.

 

Не постојат правила во комбинацијата на бои, форми, дезени и материјали, едноставно се добива чувство дека создавањето на целата колекција било забавно, без никаков притисок и можеби токму поради тоа секое парче зрачи со позитива.

Во основа, се препознава хипи духот на пацифистите од 60-те и 70-те: апстрактни принтови, цеќиња, шаренило, но и по некоја порака од источната филозофија пресликана на колоритниот накит, чевлите со ултра високи платформи и чантите кои се присутни во различни форми и големини.

 

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци