Бразилскиот топ-модел и ангел на Викторија Сикрет, Александра Амбросио, преку фотографиите од најновиот едиторијал ви го праќа летото и топлото сонце. Фотографиите се изработени за маркетинг потребите за нејзината прва линија костими за капење, едноставно насловена Ale by Alessandra за лето 2015 година.
Со својата заводлива секси- фит форма, таа како морска сирена позира во неодоливите дводелни модели изработени според актуелните модни тенденции.
Костимите за капење изобилуваат со етно принтови и реси, а покрај нив, колекцијата содржи и принт кафтани, такви во вид на миље, како и кежуал колоритни широки панталони, кои се идеални за лежерно и комфорно лето.
Додека кај нас владее ноемвриското есенско сивило, освежете ја вашата перцепција со прекрасен модел, костими за капење, сонце и плажа.