Алесандра Амбросио го создаде најубавиот бохо накит сезонава!

27 април 2015

Откако пред две години ја лансираше нејзината прва бохо колекција модни парчиња, прекрасната Алесандра Амбросио на девојките ширум светот им ја претстави нејзината линија бохо накит што совршено се вклопува со парчињата.

Како и колекцијата облека и линијата накит на манекенката е едноставно наречена Ale by Alessandra, а дел од истата се неодоливи парчиња кои се како создадени за топлите летни денови.

Девојките во колекцијата ќе можат да најдат разни ѓердани, слатки тенки ланчиња, алки, обетки и украси за на главата и рацете.

Колекцијата накит на 33 – годишната манекенка беше промовирана на настан во рамки на неодамнешниот Коачела фестивал, а овој викенд конечно беше објавен и лукбукот во кој Алесандра му го покажува накитот на светот.

„Отсекогаш бев обожавателка на летни музички фестивали, па токму тие и ми беа инспирација кога ја создавав колекцијата. Поголемиот дел од времето јас го поминувам во авион и немам многу време да се подготвувам, па доколку на една иста комбинација и промените неколку парчиња накит, вие постојано ќе изгледате свежо и модерно“, вели Алесандра.

Таа додава и дека сакала да создаде колекција накит што ќе биде стилски и лесен за комбинирање и таков што ќе направи жените да се чувствуваат убаво кога ќе го стават на себе.

Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите парчиња од колекцијата.

Објавено:
27 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци