Со летните дневни комбинации, накитот навистина доаѓа до израз, надополнувајќи ја секоја нова приказна која ја раскажува секој нов ден. Нанижани алки се апсолутен летен хит за ова лето. Ако сакате вашиот изглед да биде уште повпечатлив, стилистите предлагаат алките да ги носите во низа, без разлика на тоа дали се метални, дрвени или пластични. За деловниот изглед доволно е да одберете две или три потанки алки кои се изработени од метал, за да се нагласи софистицираниот стил. Ако се решите за еднобојно парче облека одберете помасивни модели на алки кои ќе му дадат една свежина и ќе внесат живот и боја на еднобојната комбинација. За вечерни прошетки и журки во град одберете алки кои се украсени со полудрагоцени камења, кристали или циркони. Тоа ќе внесе гламур и женственост во вашиот стил.

 

 

Носете ги алките во зависност од тоа како се чувствувате, не мора да ги следите нашите совети и примери, она што е важно е боите да бидат силни, да бидат најмалку 3, а не повеќе од 7. Тоа зависи и од дебелината и од големината на самата алка. Не ги мешајте материјалите од кои се изработени, внимателно комбинирајте за да не личите на лошо украсена елка или кловн.

 

 

Објавено:
20 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци