Bally потпетиците за дожд се вашиот сојузник за врнежливо време

5 февруари 2014

Ако сте од оние жени кои секојдневието не можат да го замислат без чевли на високи потпетици, но ужасно ви сметаат врнежливите денови, бидејќи дождот ги уништува вашиот омилен пар кондури, па морате во чантата да носите екстра резервен пар, сега сите овие грижи ќе бидат минато.

 

 

Добрите вести стигаат директно од Шведска каде брендот за чевли Bally креираше модел на обувки со висока потпетица кои се изработени од високо квалитетна гумирана кожа и водоотпорен ефект на влажно и калливо време. Уште еден плус е тоа што истиот модел и дизајн е достапен во повеќе бои. Покрај стандардната класично црна имате и потпетици во црвена, сина и жолта боја.

Овој модел се уникатна фузија на функционален чевел и елегантен дизајн, кои имаат функција на супер херои со мисија која има задача да им се спротивстави на сите врнежливи денови. Овие потпетици можете да ги најдете во сите продавници на брендот Bally, но поради огромниот интерес кон крајот на февруари и во неколку други избрани продавници.

 

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци