Иако се чини дека секоја сезона овој моден додаток наоѓа начин да се протне во некоја од нашите комбинации, оваа есен беретката е задолжителна за секој ден.

Времето сè уште е сончево и топло, но секако ние можеме да се подготвиме и да смислиме стилски стајлинзи во кои беретката ќе биде на прво место.

На секоја девојка секогаш ѝ треба доза француски шик, па доколку немате нешто вакво во плакарот, тогаш деновиве се совршени да го исправите тоа.

Носете ја со џинс и топол џемпер во лежерните денови, комбинирајте ја со широк фустан, капут и ремен, но и со плисирано здолниште и кошулка кога сакате да бидете впечатливи на работа.

Девојките сезонава бираат јаки и интензивни бои кога се беретките во прашање, но доколку сте од оние кои обожуваат неутрални нијанси, тука се секако и црната и кафената.

Бидете храбри и оваа есен експериментирајте со кожена беретка која совршено ќе се вклопи во комбинацијата составена од кожени килоти и меко, бело џемперче.

Фото: Style report magazine

Ако веќе имате неколку модели вакви беретки во плакарот, денеска е добро време да ги пронајдете, а ако не, побарајте ги во најблиската high street продавница каде веќе се изложени на полиците.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
22 октомври 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.418 пати