Би носеле ли накит кој испушта парфем во текот на целиот ден?

23 август 2014

Внукот на славниот парфумер, Килиан Хенеси,  одлучи да ја продолжи семејната традицијата на сопствениот бренд  фамозни парфеми и луксузни модни додатоци. Во склоп на истиот тој неодамна лансираше накит за кој вели дека е нова ера на додатоците.

 

Станува збор за аксесоари како алки и ѓердани кои испуштаат пријатен мирис преку целиот ден. Не случајно се изработени алки и ѓердани бидејќи тие стојат на делови од телото каде парфемот најдобро дејствува.

Покрај тоа што овозможуваат мирисно задоволство, парчињата имаат и современ модерен  дизајн во рок-бохо стил, изработен од кожа, реси и метални додатоци.

 

Објавено:
23 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци