„Ботега Венета“ има сандали со телефонска жица

24 ноември 2021

Познатиот бренд „Ботега Венета“ e познат по необичните дизајни во впечатливи бои. И токму поради тоа вниманието ни го привлекоа овие обувки. Се работи за сандали со телефонска жица.

 

Доаѓа во две ултра трендовски бои - сина и таканаречената „Ботега“ зелена.

Сандалите се на висока потпетица, а со спиралата, односно телефонската жица се врзуваат околу глуждот.

Ако сте љубител на ретро естетика и уште повеќе, ако сте растени во 80-тите и 90-тите, тогаш знаете за што зборуваме и сигурни сме дека ви го привлекоа вниманието.

Цената им е 1.390 долари и очигледно им е погодена на многумина бидејќи на нивната страна се распродадени, а на други различни онлајн продавници има како велат уште само по некој број.

 

Би ги носеле ли вие вакво нешто?

 

Објавено:
24 ноември 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
469 пати