Голем број брендови се стремат кон штедлив и еколошки пристап во работењето. На тоа се приклучи и Loewe, односно дизајнерот Џонатан Андерсон.

Тој одлучи да направи мини колекција чанти кои се создадени од остатоци кожа, односно од материјалите од производството кои биле користени за создавање на претходните колекции.

Чантите се почеток на нова иницијатива за одржлив развој насловена како „The Surplus Project“.

Моделите се мошне впечатливи поради комбинацијата на бои. Парчињата кожа се испреплетени и се добива полуксузна верзија на цегерите кои порано беа мошне актуелни.

Интересна иницијатива за поздрав.

Погледнете како изгледаат:

Објавено:
16 март 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
444 пати