Иако можеби нема да ви се верува, но сите овие години чантите за преку рамо сме ги носеле сосема погрешно!

Самото име вели дека правилниот начин на нивно носење е преку рамо, но последните ресорт колекции на светските дизајнери нѐ убедија во сосема спротивното.

И да, нам дефинитивно ни се допаѓа овој нов начин на носење на чантите, бидејќи покрај тоа што ќе си го одморите рамото, ќе изгледате навистина шик!

Многу е едноставно – долгите рачки на чантите свиткајте ги неколкупати околу раката и слободно пуштете ја да паѓа надолу, во висина на колената.

На овој начин, Клое, Фенди, Александар Ванг и уште неколкумина дизајнери, им дадоа сосема поинакво и поцентрално место на чантите во нивните колекции, во кои сосема нормално, ние се вљубивме и оваа сезона.

Трендот што тие го најавија за следната сезона, важи за сите видови чанти, без разлика дали се големи, мали, елегантни или сосема модерни и шик.

Доколку во вашиот плакар имате некоја чанта од овој калибар, тогаш дефинитивно е време да го испробате овој одличен тренд!

Објавено:
20 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.580 пати