Чанта-накит како фузија помеѓу модата и архитектурата

28 јуни 2017

Француската етикета Perrin Paris е препознатлива по тоа што уметноста секогаш е присутна во дизајнот на нивните модни додатоци.

Во соработка со Дизајнерското студио Заха Хадид, создадоа фасцинантна колекција клач чанти кои истовремено имаат функција и на масивни алки за на рака. Чантите се со префинет и минималистички дизајн во црна, бела, розова, сина и црвена боја во комбинација со алки со футуристичка естетика, во златна и среберена варијанта или во иста боја како и самата чанта.

Пред да почине познатата архитектка Заха Хадид, добила на подарок чанта од овој бренд што во суштина било и поводот за да почнат заедничка соработка.

Фото извор: dezeen.com

 

Објавено:
28 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
302 пати