Чантата „Signature Bag“ на Версаче го „излуди“ Холивуд

20 ноември 2013

 

Модната куќа Версаче го презентираше својот нов  модел на чанта насловена „Signature Bag“, по која буквално полудеа сите славни личности, а од неодамна можете да ја најдете во најразлични бои.

 

 

Славните личности веќе ги обожаваат, Мајли Сајрус ја избра црната боја од овој модел, а за истата се одлучија и Хајди Клум, Гвен Стефани и Селена Гомез. Сензибилитетот и карактерот на Лејди Гага оди малку во поколоритна насока, бирајќи ја колор блок варијантата.  Никол Кидман својата елеганција и гламур одбра да ги потенцира со сива нијанса од истиот модел на чанта.

 

 

Која боја би одбрале вие?

 

Објавено:
20 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци