Плико чантички, трапезните чанти, големи чанти во светло крем варијанти, жолти нијанси, небесно сина,  силно црвена боја или пак колор креативни дизајни ја разигруваат сезонската колекција. Присутни се и класичните модели на чанти кои никогаш не ја напуштаат модната префинетост на пазарот и посебно се актуелни во својата вонвременост.

Сите модни варијанти на чантите се изведени од чиста мека кожа во двобојни и тробојни варијации како и комбинации со крокодилска и змиска кожа. Едноставно оваа летна сезона, Селин чантите се вистински предизвик за секоја девојка со исклучително префинет вкус за модерно.

Објавено:
10 мај 2013
Категорија: 
Модни додатоци
Тагови: 
кожа чанти Селин