Хрватскиот моден двоец eNVy room ја промовираше својата прва колекција чанти, која целосно кореспондира со веќе препознатливата естетика на брендот: елеганција, женственост и безвременост.

Колекцијата содржи седум различни модели на чанти, украсени со колоритни везови и апликации, а изработени се од кожа. Интересно е што благодарение на механизмите за закопчување, може да се носат на три начини.

Едната варијанта на носење е со кратка рачка, која најсоодветно би одговарала во елегантен стајлинг за свечена пригода. Вториот начин, што е најсоодветен за секојдневниот аутфит е со долга рачка за преку рамо, додека третата трансформација е трендовски ранец благодарение на додатните ланци.

„Неодамна промовираната колекција за пролет-лето 2016, ја обележа и нашата прва колекција чанти. Дамски, безвременски, елегантни и романтични, чантите ја следат естетиката и филозофијата на брендот", велат за Fashion.hr дизајнерите што стојат зад eNVy room, Вјеко Франетовиќ и Никица Иванчевиќ.

Објавено:
17 ноември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
852 пати