Чанти со потпис на Гвинет Палтроу
•
31 јули 2015
Пред неколку дена започна продажбата на клач чантите кои ги осмисли актерката Гвинет Палтроу, во соработка со дизајнерката на свечени чанти, Еди Паркер.
Несоменено дека моделите потсетуваат на оние од колекциите на Паркер, но сепак и се издвојуваат по еден детаљ.
Имено, Гвинет е позната како голем обожавател на рап и хип-хоп музиката, а одлучи чантите да ги украси со прекрарите на популарните рапери. Така, свечените чанти се со имња – Hov, Shady, Biggie, Pac, прекрарите на Џеј Зи, Еминем, Тупак и други.
Овој интересен спој на рап и елеганција чини 1.695 долари, а достапни се на вебсајтот Goop, осмислен од самата актерка.