Чантите на Еди Паркер - моден додаток на кој нема да му одолеете

19 септември 2014

Брендот Еди Паркер е еден од омилените кои со своите кративни модни додатоци го „зачинува“ стилот на голем број познати дами и модни икони.

Всушност, изминатиов период гледаме дека класичните клач-чанти ја задржаа својата карактеристична форма, но го „надградија„ инвентивниот дизајн. На тој начин овие модели на чанти станаа гласноговорници на карактерот на една дама, но и одраз на нејзиниот стил.

Следејќи ја актуелната конотација во поглед на креирање на уникатни клач-чанти, брендот Еди Паркер на своите обожаватели и клиенти им нуди единствена можност тие сами да си ја дизајнираат чантата. Доколку решите вашата чанта да биде потпишана од Еди Паркер, тогаш првиот чекор што треба да го направите е да отидете на нивната интернет страна. Таму ќе најдете цела палета на бои и модели на чанти, од кои можете да ја одберете и креирате онаа која е по ваш вкус и мерка.

Потоа следува најинтересниот чекор: изборот на соодветен збор кој ќе биде вметнат како еден вид лого на чантата, а ќе зборува за вашиот моден идентитет. Без разлика дали се работи за именка, омилен филм, песна или името на вашето дете, запомнете дека изборот е само ваш. Погледнете ја галеријата и кажете ни дали можете да им одолеете?

Објавено:
19 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци