Чантите на Улијана Сергеенко се љубов на прв поглед

18 февруари 2016

Руската дизајнерка и икона на стилот, Улијана Сергеенко е препознатлива по бајковитиот дизајн имплементиран во нејзините колекции, независно дали се работи се облека или модни додатоци.

Нејзината позната колекција класични чанти „Ulya" со меки, заоблени форми, оваа сезона ќе биде достапна во поголем избор на бои, па покрај црна, црвена и кафеава, чантите сe и во розова, зелена и окер боја.

Помеѓу големиот број познати обожавателки на овие модни додатоци се и Наталија Водијанова и Дита Вон Тис, а исто така се хит и во уличната мода.

Објавено:
18 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
550 пати