Чекор полн моќ и сексапил во уникатните чизми на Елена Лука

8 ноември 2014

Реномираната македонска модна куќа Елена Лука во последната колекција ELigion за есен-зима 2014/15, префинетите и отмени креации ги надополни со исто толку впечатливи аксесоари, меѓу кои беа и уникатните модели на чизми.

Лимитираната котур колекција, во својата палета нуди чизми до колена и такви до глужд, изработени од висококвалитетна италијанска кожа. Ретко која дама би останала имуна на оригинална идеја и квалитет кога станува збор за обувки, а токму овој предлог комплетно се надополнува на визијата и потребата за стилска моќ и самоувереност.

Акцентот кај моделите до колена е ставен на контрастот, што на црната основа се добива со златниот, рачно изработен детаљ со техника-плетење, кој го има во две варијанти од златна и црна боја.

Од чизмите до глуждови пак ‘исто така можете да изберете два модела. Едните  се изработени  во мат ефект, додека другиот е  модел со висок сјај, кој во својата финална линија има контуриран златен лак.

Чизмите од новата колекција ELigion, може да ги најдете во реновираниот салон на Елена Лука во Скопје Сити Мол и во изложбениот салон на Елена Лука во Капиштец.

Кратките модели  до глужд може да ги набавите по цена од 8 илјади денари, додека другите  до колена,  чинат 15 илјади денари. Резервијате го Вашиот омилен лимитиран пар чизми кај Вашиот личен стилист на 071 246 513.

Објавено:
8 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци