Чекорете со стил оваа зима со моделите чевли на Кјара Ферањи

20 октомври 2014

Познатата италијанска блогерка Кјара Ферањи, ја презентираше својата нова колекција чевли за сезоната есен-зима 2014/15.

Таа позира пред фотообјективот на долгогодишниот соработник Андрев Артур, а на фотографиите можеме да ги видиме новите стилови, облици, форми и бои на чевли кои според неа ќе бидат актуелни оваа студена сезона.

Кјара за оваа зима предлага неколку модели на чизми до глужд со рамни платформи украсени со златни детали, потоа чизми кои наликуваат на познатите мартинки и балетанки кои се целосно декорирани со светки кои всушност се белег на нејзиното модно творештво.

Chiara-Ferragni-2014-15-Fall-Winter-15

Оваа колекција е достапна во продавниците ширум светот но може да се купи и он лајн. Во кампањата Кјара Ферањи изгледа прекрасно, а префинетите изгледи се стилизирани од Гилда Амброзио, додека шминката и беше доверена на Ники Де Рост.

 

 

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци