Чевлите од Париз што ќе бидат вистински хит следната сезона

9 октомври 2015

Конечно заврши Париската модна недела, а токму од таму, како што и се очекуваше, излегоа бројни трендови што ќе владеат на улиците следната сезона.

Меѓу нив секако беа и чевлите, а некои нови и одлични модели понудија модните куќи Александар Меквин, Диор, Балман, Тиери Муглер и бројни други.

Платформите и кломпите и следната пролет и лето ќе бидат вистински хит, а што се однесува до нивната изработка и материјалите, на пиедестал ќе биде романтичното кадифе.

Балман никогаш не се откажува од високите потпетици, па така за следната сезона понуди многу интересни модели на чевли со секси врзување.

Задолжително парче за следната топла сезона секако ќе бидат и рамните чевли, овојпат сосема во минималистички стил и во супер едноставни бои.

Средно високата потпетица за следната сезона ја потпишува Клое, но и модната куќа Луј Витон, додека класичната елеганција секако останува кај брендовите Миу Миу и Рошас.

Во продолжение погледнете ги чевлите што ќе владеат кај девојките следната сезона.

Објавено:
9 октомври 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.284 пати