Чевлите со отворена пета се повторно во мaода
•
23 септември 2013
Александар Ванг, Викторија Бекам Ребека Минкоф, 3.1 Филип Лим и Џени Кејн се само некои од дизајнерите кои во своите актуелни колекции и оние за идната топла сезона нудат модели на чевли со отворена пета.
Џени Кејн ги нуди во интересен принт, Александар Ванг се држи до црната класика, а Ребека Минкоф одлучи да ги направи модерни со помош на силните бои.
Моделите на Филип Лим изгледаат неверојатно кул, поради подебелата пета и ременчињата кои се закопчуваат околу глуждот, а Дрис ван Нотен чевлите се отворена пета се идеални за сите оние трендсетерки кои ја сакаат ретро нотата во своите модни комбинации.