Пролетва одморете ги нозете од премногу високите потпетици и направете практичен избор. Чевлите со средно-висока потпетица се шик, елегантни и женствени, а истовремено и многу поудобни за разлика од екстремно високите.
Филип Лим, DKNY, Сен Лоран, Ралф Лорен, Мајкл Корс се само дел од дизајнерските имиња кои за оваа сезона се одлучија своите колекции да ги комплетираат со чевли кои покрај за вечерни излегувања и неформални забави, ќе може да ги носите и на работа.
Изборот опфаќа прилично радикални модификации: од минимализам во формата и задржување на класичниот изглед на потпетицата до екстремно јаки бои, метални нијанси и додатоци како синџирчиња и нитни.
DKNY
Pollini
Дајен вон Фустенберг
Едминдо Кастиљо
Мајкл Корс
Ралф Лорен
Сен Лоран
Филип Лим