Ако ви здосадија чизмите во стандарните темни нијанси, зошто не пробате како би ви прилегале чизми во интензивни бои или такви со интересни и необични принтови?

Сега кога се актуелни сезонските попусти е вистинско време да направите еден таков експеримент.
Чизмите во впечатливи нијанси може да бидат клучен моден додаток што ќе ја освежи секоја ваша зимска комбинација во претежно земјени или темни тонови.

Ако направите една мала шопинг тура низ подобро снабдените продавнци, ќе наидете на голем избор на чизми со различен дизајн, а во богат колорит.

Од такви до глужд со животински принтови до чизми до или над колена во јаки бои, на дебела потпетица или пак без потпетици.

Како инспирација ви посочуваме неколку интересни модели на кои наидовме на социјалните мрежи. Имате ли ваш фаворит?

Фото: Pinterest

Објавено:
9 јануари 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
896 пати