Чоколадни велигденски јајца со дизајнерски потпис

15 април 2014

Какао Лаб Какао Лаб

Во Скопје, а низ целата држава генерално,  полека почнува да се чувствува еуфоријата за најголемиот христијански празник Велигден што ни претстои деновиве. Сите им се радуваме на вапсаните јајца и на дружбата со семејството. Во Италија пак, во пресрет на големиот празник Велигден или кај нив познат како Pasqua секоја година традиционално покрај вапсувањето јајца, големите дизајнерски модни куќи во соработка со нивните омилени слаткарски куќи учествуваат во „натпреварот“ за најстилско и најинвентивно украсено јајце.

Џорџо Армани Џорџо Армани

Спојот на високо квалитетен избор на чоколада и креативната игра со декорот е одлична комбинација што резултира со фантастични слатки ремек дела. Процесот на украсување не е воопшто едноставен, бидејќи се потребни часови посветеност на работата. Еве ги декорираните чоколадни јајца што оваа година се заштитен белег на познатите дизајнери и слаткарници.

Роберто Кавали Роберто Кавали

Антониаци Антониаци

Ладуре Ладуре

Ладуре Ладуре

Мајани Мајани

Кова Кова

Сент Амбреус Сент Амбреус

Маркези Маркези

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Модни додатоци