Да ти е незгодно да се напиеш: Шише за вода од 250 евра

4 август 2021

Деновиве во модните медиуми се крена прашина околу шишенце за вода, кое се носи како моден додаток.

Се работи за производ од брендот „Росантика“, а цената од 250 евра за сребрената, односно од 270 евра за златната верзија на шишенцето, ја оправдуваат поради надворешноста, која е украсена со вистински кристали.

Од брендот велат дека металното шишенце украсено со стотици кристали ќе му даде на вашиот стајлинг супер гламурозен изглед.

“Жедни сте? Изгасете ја жедта со најсребреното метално шишенце вода украсено со кристал, кое секогаш ќе ви биде тука при рака и кое има и сребрен синџир, кое ви ги ослободува рацете“, е дел од рекламата за овој производ.

Тие уште предлагаат да се носи со елегантни парчиња, како што е во примерот белото одело.

Сепак, не сме сигурни колку ова шишенце навистина има друга функција освен украсна, но колку и да ни изгледа нам бизарно, едно правило секогаш важи - се' си има свој купувач! 

 

Објавено:
4 август 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
444 пати