Тенденциите во однос на некитот не се толку варијабилни како оние за облеката. Изминатиот период меѓу најактуелните, е оној со микс од повеќе дискретни прстени на рацете поставени на различни места од прстите. Токму оние трендови што стануваат универзално посакувани и применувани се оние што брзо бледнеат. Поинаквите идеи се секогаш добредојдени, а овој пат Ви предлагаме да ги промените улогите на дискретните со масивните прстени на вашите раце.

 

Веруваме дека во колекцијата накит, поседувате и масивни прстени, а токму нивната разлика по форма, боја и големина можа да создаде одличен стилски печат. Овој начин на примена на масивните прстени ќе создаде интензивен ефект, со што останатите додатоци воопшто не ви се потребни.

Нивната поставеност во преден план дополнително ќе ја потенцирате доколку изберете мохохроматски комбинации од парчиња облека, а прстените пак ќе бидат во контрастна нијанса. Разгледајте ги фотографиите и почнете од кутијата за накит да го правите најдобриот спој.

Објавено:
8 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци