Дали би носеле обетки како на Џенифер Лоренс?

23 ноември 2013

Џенифер Лоренс деновиве го промовира новиот филм „The Hunger Games: Catching Fire“ па по тој повод постојано изненадува со интересните аутфити на црвените килими. Покрај тоа што направи одличен избор на тоалетите, актерката воодушевува и со изборот на аксесоарите кои одлично се вклопуваат со креациите на Кристијан Диор, Александар Меквин, Проенза Шулер, Џејсон Ву и Луј Витон.

Ние посебно ги издвоивме наушниците кои Џенифер ги носеше на премиерата во Мадрид во комбинација со фустан од Кристијан Диор. Наушниците се со потпис од Ane Khouri, во форма на крила. Доколку имате кратка коса или пак едноставно сакате да го збогатите изгледот со нешто уникатно, ние ви ги препорачуваме неколку вакви  модели.

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци