Дали „најгрдите“ чевли на светот стануваат најпосакувани?

20 септември 2016

Речиси секоја сезона, светски познатите дизајнери преку своите нови колекции наметнуваат и нови трендови кои најчесто се прифатени од страна на публиката со брзина на светлината.

Веруваме дека и вие ќе се изненадите од трендот што Кристофер Кејн го прикажа на вчерашната ревија за кој не сакаме да веруваме дека ќе биде хит следната сезона.

Иако на пистата можевме да видиме фантастични парчиња по кои дизајнерот е познат веќе некое време, моделите не носеа ниту елегантни чевли со нив, ниту високи потпетици, ниту пак патики, туку едноставно – пластични Crocs сандали!

Токму чевлите на неговата ревија го привлекоа целото внимание на сите присутни по што социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од истите.

Речиси сите пластични сандали што можевме да ги видиме заедно со прекрасните парчиња беа во некои неутрални, земјени бои, но она што беше особено интересно овој пат е тоа што истите беа украсени со неодоливи колоритни камења по површината, па за момент изгледаа симпатично.

Појавата на овие сандали на социјалните мрежи ги поттикна прашањата од типот дали можеби „најгрдите“ чевли на светот ќе станат нов моден тренд?

Познатата модна куќа сандалите ги направи во соработка со Crocs, од каде им испорачаа нови парчиња во интересни бои кои тие подоцна ги украсија и преку ноќ станаа едни од најпосакуваните шик чевли за следната сезона.

Ако некогаш се смеевме на сите оние кои удобноста ја бараа токму во Crocs сандалите, воопшто нема да згрешите доколку и вие ги редизајнирате вашите, бидејќи сигурни сме дека секоја куќа има барем по еден чифт, нели?

Објавено:
20 септември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.325 пати