Дали се ова најбизарните чизми некогаш направени?

7 октомври 2016

Во време на навистина „откачени“ трендови, конечно може да кажеме дека го имаме најлудиот!

Чизмите на брендот Мезон Марџела кои за прв пат се појавија на пазарот пред неколку години, се чини дека се враќаат на сцената во овие студени денови.

Инаку, станува збор за чизми кои навидум изгледаат сосема нормално, сѐ додека подобро не ги забележите во делот кај прстите.

Модниот свет истите ги нарече „camel toe boots“ поради нивниот облик во вид на копито на камила.

Иако веројатно ќе речете дека ова е еден од погрдите модели на чизми што сте ги виделе, верувајте дека има такви кои ги обожуваат веќе неколку сезони меѓу кои и актерката Сара Џесика Паркер.

Неодамна, девојките повторно почнаа да споделуваат фотографии од овие чизми на социјалните мрежи, со совети како да ги комбинирате истите.

Каков е вашиот коментар за овие чизми? Дали трендовите отидоа предалеку?

Објавено:
7 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.382 пати