Покрај познатите модели на торби што минатата година ги видовме од J.W Anderson, британскиот дизајнер годинава девојките ги почести со супер модел на чизми во кои тие веднаш се вљубија.

Овие рамни чизми имаат нешто поради што сите ги обожуваат и истите се ултра популарни, а тоа се карнерите поставени од страна.

Иако овој модел чизми беше првично пуштен во продажба минатата година, истиот стана популарен со почетокот на оваа.

Чизмите до глужд со карнери од страните може да ги најдете во кожена варијанта, има модели од превртена кожа, а што се однесува до боите, нијансите почнуваат од црна и темно сина, па сѐ до маслинесто зелена, кафена, нежна розова, сина и сива.

Во својата ресорт колекција 2016 британскиот дизајнер претстави и високи модели чизми со карнери до колената, но сепак овие кусите се најпопуларни.

Познатите блогерки веќе ги сместија во своите комбинации, а во продолжение погледнете како истите изгледаат.

 

Објавено:
3 јануари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
851 пати