Дијан фон Фурстенберг повторно се враќа во сферата на накитот

27 август 2014

Познатата модна дизајнерка Дијан фон Фурстенберг изминатиов период ја претстави својата нова колекција накит на која работеше заедно со модниот бренд за накит Haskell Jewels.

После цели триесет години пауза, Дијан се враќа во сферата на накитот. Она што е интересно е дека таа и Френк Фијалкоф кој е претседател и извршен директор на брендот Haskell Jewels, повторно ги здружија силите и направија навистина модерни модели накит.

„Многу ми е мило што после триесет години јас и Френк повторно се дружиме и навистина сум задоволна од резултатите“, изјави дизајнерката.

Колекцијата се состои од златни ѓердани, обетки, прстени и алки во комбинација со кожен материјал и скапоцени камења. Цените се движат од 68 до 628 долари, а колекцијата официјално ќе биде пуштена во продажба во февруари.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци